ДОСИЕ – Сите истраги на СЈО

 

Final - frame - Untitled - 003

 

Целта на ова мини-досие е на едно место да ги постави основните податоци, како и линковите до сите истраги кои ги објавува и врши Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и со тоа да им заштеди време на сите заинтересирани поединци какви што се новинари, истражувачи, студенти, граѓани, активисти, итн., како и на сите организации, кои имаат потреба од запознавање со и/или известување за работата на СЈО

 

Мини-досието засега содржи информации за истрагите на ова обвинителство, за поднесените обвиненија, како и за извештаите, кои според Законот СЈО треба да ги доставува до Собранието на РМ на секои 6 месеци. Тоа не содржи необјавени податоци или написи, но ќе биде редовно обновувано како што ќе се појавуваат нови информации и како што ќе бидат спроведувани нови активности (истраги, обвиненија, судења, пресуди, итн.). Во секој напис може да се најде линк до транскриптот од прес конференциите или соопштенијата на СЈО, во кои се најавуваат новите истраги, како и линк до новинарските написи (агрегирани од агрегаторите на вести) кои се појавиле на истата таа тема.

Целта на мини-досието не е да ги замени службените и новинарските извори на информации за и околу СЈО, туку да овозможи брзо стекнување со основните информации, како и побрз и едноставен пристап до веќе постоечките извори на информации на оваа тема.

Според можностите, мини-досието во иднина ќе содржи и дополнителни информации за кои ќе се смета дека се важни. Основното досие со најважните написи ќе биде преведено и на албански и англиски јазик.

 

ИСТРАГИ

  1. „Титаник“ – прва истрага на СЈО – (12.02.2016)
  2. Насилството пред Општина Центар – второ обвинение, прво за Груевски (15.09.2016)
  3. „Тврдина“ – уништување на опремата за прислушување (30.03.2016)
  4. „Транспортер“ – Превоз на ученици поскап од оној во Токио (14.04.2016)
  5. Т.Н.Т. – Истрага за моќници кои уриваат од одмазда (21.04.2016)
  6. „Трезор“ – Опрема од УБК преплатена 860.000 евра (28.09.2016)
  7. „Топлик“ – Истрага за продажбата на земјиштето за Сончев Град (20.10.2016)
  8. „Тендери“ – Истрага за анексите за доградба на Музејот на ВМРО (20.10.2016)
  9. „Таргет“ – УБК незаконски прислушувала речиси 6.000 граѓани (18.11.2016)
  10. „Тенк“ – Истрага за купувањето на Мерцедесот за Премиерот (24.01.2017)
  11. „Тарифа“ – Сомневања за злоупотреби во ЕЛЕМ (24.01.2017)
  12. „Труст“ – Злоупотреби за милионски тендер од ЕЛЕМ (02.06.2017)
  13. Тифани“ – СЈО се сомнева дека се купувалe долна облека и чанти преку фирма (23.03.2017)
  14. „Тотал“ – Истрага за затајување данок за сопственикот на „Тотал“, „Медиа макс“ и „Тотал медиа центар“ (23.03.2017)
  15. „Триста“- Незаконска набавка на 300 возила за МВР (23.03.2017)
  16. „Табла“- – Осомничен директорот на ОУ „Реџо Ружит Зајази“ (23.03.2017)
  17. „Талир“ – СЈО оотвори истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ (22.05.2017)
  18. „Траекторија“ – Милионски кинески провизии завршиле во џебовите на владини функционери (22.05.2017)
  19. „Тревник“ – Три викендици во Зелениково изградени незаконски (22.05.2017)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗВЕШТАИ

  1. Прв извештај на СЈО до Собранието на РМ
  2. Втор извештај на СЈО – 4 нови истраги и две обвиненија
  3. Трет извештај на СЈО – 7 нови истраги, преслушани 45% од разговорите